Отворено 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Во Центарот за култура во Битола вечерва свечено е отворено 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава се одржува под мотото „Филмот е убав“.
Фестивалот го прогласи за отворен претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој рече дека „Браќа Манаки“ е интимен фестивал по неговата големина, но амбициозен по неговите цели.
- Можеби е релативно мал спореден со некои европски и светски фестивали, но праќа голема порака, а тоа е дека македонската публика има високи критериуми и оти Македонија е земја во која се цени добриот, убав филм, нагласи претседателот Иванов.
На отворањето се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која оцени дека Македонија е земја која станува новата филмска дестинација на мапата на светската филмска индустрија.
- Слободно може да кажеме дека Република Македонија е земја во која филмската дејност бележи подем, земја на исклучително креативни творци, уметници со голем творечки потенцијал кои создаваат големи домашни филмски остварувања, потенцира Канческа -Милевска.
На свеченото отворање беа врачени наградите „Златна камера 300“ на почесните добитници - специјални награди за особен придонес во филмската уметност на познатите актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков и наградата за животно дело на кинематограферот Ришард Ленчевски. На карикатуристот, автор на анимирани филмови Дарко Марковиќ во отсуство му беше врачена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ од Друштвото на филмски професионалци.
Премиерно беше прикажан филмот „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, кој тематизира приказна за распадот на едно семејство кое егзистира со пренесување бегалци.
Во десетте фестивалски денови ќе бидат прикажани 215 филма. Од нив половина се во различни категории, од кои три натпреварувачки (Официјална, Нов европски филм и SEE Камера), а останатите 111 се студентски филмови.
Во официјалната програма на 36. ИФФК се 13 жанровски различни филма, снимени од веќе познати директори на фотографија, но и остварувања на нови имиња. Меѓу филмовите има и наградени на престижните фестивали во Кан, Берлин и Венеција. Тие ќе се натпреваруваат за наградите „Златна камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена), а наградите ќе бидат врачени на затворањето на ИФФК.
За наградите во главната натпреварувачка програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири, под претседателство на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски - еден од тројцата годинашни добитници на „Златна камера 300“ за животно дело.
Оваа година „Браќа Манаки“ ќе има две нови натпреварувачки програми: Нов европски филм - посветена на први или втори играни филмови на режисери од Европа (десет филма селектирани од Дејан Трајкоски) и програмата SEE Камера (осум филма селектирани од Саша Станишиќ).
Ново на Сител
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје