Отворени гласачките места во БиХ, граѓаните одлучуваат за новите власти на сите нивоа
Во Босна и Херцеговина утринава почна гласањето на општите избори, на кои граѓаните треба да ја изберат следната влада, со мандат од четири години.
Во седум часот беа отворени нешто повеќе од 5.900 избирачки места, на кои својот глас околу 3,3 милиони граѓани ќе можат да го дадат до 19 часот.
На овие се избераат 518 функционери на различни нивоа на власта.
Граѓаните ќе избираат тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, 42 претставници во Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, 98 претставници во Претставничкиот дом на Федерацијата на Босна и Херцеговина, 83 претставници во Народното собрание на Република Српска, претставници во собранијата на десет окрузи во Федерацијата Босна и Херцеговина и претседател и двајца потпретседатели на РС.
За овие функции се натпреваруваат нешто повеќе од 7.200 кандидати од 90 политички партии и 38 партиски коалиции, како и 17 независни кандидати.
Изборите ги следат околу 60.000 набљудувачи, од кои околу 50.000 се делегирани од политичките партии. Регуларноста на изборите ја контролираат нешто помалку од четири илјади меѓународни набљудувачи.
Никој не спроведува релевантни излезни анкети во Босна и Херцеговина, а првите прелиминарни резултати од изборите треба да бидат достапни по 20 часот, кога по правило почнуваат да ги објавуваат штабовите на политичките партии.
Покомплетни податоци се очекуваат до полноќ, кога треба да бидат објавени и од Централната изборна комисија (ЦИК).
Рокот за објавување на конечните и потврдени резултати е 30 дена по изборите, по што следи втората фаза од изборниот процес, во која посредно се избираат претставници во домовите на народите на Парламентот на БиХ и на Федерацијата БиХ, како и претседателот и двајцата потпретседатели на тој ентитет.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза