-->
-->
Отворена нова градинка во прилепско Големо Коњари
-->

Во прилепското село Големо Коњари денеска беше пуштена во употреба новата градинка во состав на основното училиште „Страшо Пинџур“.
Пред родителите, вработените во градинката и жителите од ова населено место, во употреба ја пушти прилепскиот градоначалник марјан Ристески.
Според него, ова е голем момент за децата и нивните родители од Големо Коњари. Градинката има капацитет да згрижи дваесетина дечиња, а инвестицијата изнесува 600.000 денари.
- Ова е историски момент за прилепско Големо Коњари затоа што за прв пат се отвора градинка со капацитет за сместување на 20-ина дечиња. Комплетната реконструкција чинеше 600.000 денари со преадаптација на дел од просториите во училиштето. Услугите на градинката можат да ги користат и соседните населени места. Во периодот кој што следува ќе работиме на тоа да доколку и во други населени места има вакви простории и нив да ги преадаптираме во градинки. Инаку, во изминатиов период за целокупна реконструкција на училиштето беа инвестирани околу 6 милиони денари. Со овие инвестиции се создадоа одлични услови за работа и учење во ова училиште, рече Ристески.
Христина Трпческа, директор на јавната установа „Наша иднина“ во чиј состав се прилепските детски градинки смета дека Прилеп во изминатиот период особено внимание посвети на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со отварање на нови објекти наменети за детски градинки или реконструкција и адаптација на постојни објекти, со што значително се зголеми капацитетот, а со тоа и опфатот на деца од 6 години.
- За само неколку години капацитетот на јавната установа „Наша иднина“ се прошири за околу 200 места. Се отворија градинки и во населените места Канатларци, Беровци и Тополчани. Оваа група во Големо Коњари е четврта која се отвора во рурални средини. И таа е 47-ма група на деца во состав на нашата установа, рече Трпческа.
Според информациите од прилепската локална самоуправа во 2013 година беше реконструирана градинката „Бончејца“ во Прилеп, проект вреден 6.700.000 денари, а лани нова градинка беше отворена и во преадаптираните простории на „Работнички универитет“ каде се сместени околу 60-тина деца. Оваа инвестиција чинеше 1,5 милиони денари. Во меѓувреме е завршен тендерот за преадаптација во градинка на првиот кат во основното училиште „Рампо Левката“ и ќе чини 3 милиони денари. Градинката ќе има капацитет за сметстување на 100-тина деца. Овој проект се очекува да биде завршен за околу два месеца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
