Отворена изложбата „Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“
Во Музејот во Треблинка, Република Полска, е отворена изложбата „Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“.
Изложбата е дело на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а нејзиното претставување во Полска е во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Варшава и Музејот во Треблинка.
По отворањето на изложбата, делегација во име на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија положи цвеќе пред споменикот на жртвите на холокаустот од Македонија (камен со натпис „Македонија“), како и пред главниот споменик на жртвите од Треблинка. Пред главниот споменик, положија цвеќе и претставниците од Амбасадата на Република Бугарија и Бугарскиот културен центар во Варшава.
Во чест на жртвите на холокаустот, локалниот рабин Џошуа Елис ја кажа Молитвата за Шоа (холокауст), како и молитвата Ел Мале Рахамим.
Изложбата „Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“ ја претставува темната страна на историјата на Евреите од Македонија. Тие со претходно направена систематска евиденција, во мугрите на 11 март 1943 година беа извадени од нивните домови и донесени во Тутунскиот комбинат во Скопје (Монопол), за потоа да бидат депортирани во логорот на смртта – Треблинка, каде беше спроведена завршната сцена на т.н. конечно решение.
По 11 дена живот во лоши услови во складиштата на Монополот, кој беше адаптиран како транзит – камп, на 22 март 1943 година, тргна првата композиција кон нацистичкиот камп – Треблинка. По него следувале уште други два транспорти на 25 и 29 март 1943 година. Транспортот траел шест дена. Последниот транспорт стигнал на 3 април 1943 година, пред точно 73 години. Во тие денови беа депортирани 7.144 Евреи – мажи, жени и деца. Овој број претставува 98 отсто од тогашната еврејска заедница во Македонија, што е највисок процент во историјата на холокаустот. Сите македонски Евреи беа задушени во гасните комори на Треблинка на денот на нивното пристигнување.
Изложбата ќе биде достапна за јавноста два месеца во Музејот на Треблинка.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто