Отворена истрага за 4 лица за пропаѓање на Еуростандард банка
Јавното обвинителство отпочна истрага за 4 одговорни лица во Еуростандард банка. Тие се осомничени дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Од обвинителството појаснуваат дека осомничените во периодот од 2018 до 2019 година ги повредиле одредбите од Законот за банки и Методологијата за адекватност на капиталот.
-Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност.
Основното јавно обвинителство ќе ги преземе сите неопходни и дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка, наведуваат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК