Отворена фабриката на турски „Чагатај Кабло“ во Бунарџик
Шест милиони евра инвестиција и вработување на околу 300 лица треба да биде билансот од најновата турска фабрика во Македонија „Чагатај Кабло“ што денеска и официјално почна со работа.
Станува збор за погон од седум илјади метри квадратни, лоциран во индустриската зона „Бунарџик“. За негова изградба во првата фаза се вложени четири милиони евра и досега се вработени 80 лица.
„Чагатај Кабло“ произведува кабли за автомобилската индустрија и за земјоделска механизација и извезува во светски рамки.
- Ова е пример дека дадениот збор има тежина, а ветувањата дадени пред граѓаните се исполнуваат, рече директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски пред отворањето на погонот.
Како што истакна сопственикот на фабриката Ахмет Короглу, компанијата донела одлука да инвестира во Македонија во 2006 година, лани ги поставила темелите, а годинава почнува со производство.
- Во втората фаза предвидуваме инвестицијата да достигне шест милиони евра, погонот да изнесува 10 илјади метри квадратни, а бројот на вработени да биде 300, нагласи Короглу.
Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, „Чагатај Кабло“ е првата фабрика што се отвора по донесувањето на новиот Закон со кој се изедначуваат условите за домашните и странските вложувачи.
- Празник е секогаш кога зборувате за нова фабрика и за почеток на ново производство, потенцира Анѓушев и најави дека во наредниот период скоро секоја недела ќе се пушта по еден нов капацитет или ќе почнува ново производство.
Вицепремиерот подвлече дека оваа Влада изминатиов период успеала да донесе 16 странски компании и сите тие планираат инвестиции во земјава.
- Официјалниот почеток со работа на „Чагатај Кабло“ за мене претставува резултат на стабилните и предвидливи владини политики. Оваа Влада, наместо со договори во четири очи, со Закон ја испланира и ја реализира поддршката за новите странски и домашни инвестиции, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Турската компанија „Чагатај Кабло“ е, меѓу другото, позната и како добавувач на белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“ кој е веќе присутен во „Бунарџик“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата