Отворен првиот професионален тренинг центар на ФК Вардар

Професионалниот тренинг центар на Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално е отворен. Проектот, вреден над четири милиони евра, е реализиран по пат на јавно приватно партнерство на инвеститорот и сопственик на ФК Вардар, Град Скопје и Општина Гази Баба.
На отворањето се обрати премиерот Никола Груевски кој истакна дека станува збор за уште една капитална инвестиција во спортот со која Македонија добива по прв пат ваков тренинг центар кој е карактеристичен за големите фудбалски тимови во Европа.
- Со ваков тренинг центар Вардар влегува во рамноправна битка со фудбалските гиганти. Ние како Влада го помогнавме овој проект со обезбедување на земјиштето кое беше предуслов за почеток на оваа инвестиција, истакна премиерот Груевски.
Сопственикот на ФК Вардар Сергеј Самсоненко искажа особено задоволство за добрата соработка со администрацијата во реализацијата на овој проект.
- Одевме чекор по чекор кон нашата зацртана цел. Првиот објект беше спортскиот комплекс „Јане Сандански“, наменет за нашите два ракометни клуба. Следниот чекор беше да обезбедиме услови за нашата прва екипа ФК Вардар – објект кој одговара на сите европски стандарди за тренинг во врвни услови и за остварување врвни резултати, изјави Самсоненко.
Спортскиот тренинг камп на ФК Вардар располага со две фудбалски игралишта, комплекс за сместување на фудбалерите, теретана и фитнес центар.
На отворањето на професионалниот тренинг центар на Фудбалскиот клуб Вардарво присуствуваа голем број спортски работници, пратеници, претставници на локалната администрација и други гости.
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
