Отворен првиот Франкофонски центар на УКИМ

Франкофонски универзитетски центар наречен „Трефл“ („Le Tres-Fle“) денеска беше отворен во рамки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ со поддршка на Универзитетската агенција за Фракофонијата, која на располагање за сите професори и студенти од универзитетот ги отвора можностите за користење на сите програми за стипендии и поддршка на научни и универзитетски соработки.
На отворањето на Центарот се обрати ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, кој истакна дека неговото отворање претставува значаен настан во унапредувањето на соработката помеѓу Универзитетот и Универзитетската агенција за Франкофонија.
- Се надевам дека благодарение на овој Центар, нашите студенти и научно-истражувачки кадри ќе успеат да постават основа за нови научни контакти кои понатаму ќе се развиваат и ќе се продлабочуваат, и оти ќе придонесе за многу успеси на сите полиња застапени на УКИМ рече ректорот Јанкуловски
Отворањето на Центарот за универзитетска успешност го поздрави и заменик - министерот за образование Петар Атанасов, кој истакна дека тоа се вклопува во определбите на РМ уште од 2006 година кога земјата стана полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата и ги споделува вредностите на организацијата како човекови права, демократија како и културната различност.
Мохамед Кетата, директор на регионалното биро на Универзитетската агенција за Франкофонија (УАФ) во Букурешт, во своето обраќање посочи дека агенцијата е оперативното тело на франкофонијата за се што значи универзитетска соработка, а една од клучните нејзини заложби се мегудругото, и да им помогне на младите од регионот после студиите да најдат работа.
Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, пак, обраќајќи се и на македонски јазик, изрази надеж дека отворањето на овој центар, кој го носи името „Трефл“ (детелинка) ќе им донесе среќа на посетителите овозможувајќи им да се запознаат со сите можности кои постојат во франкофонскиот универзитетски центар и ќе го збогати бројот на франкофони и фракофили во земјава.
Франкофонскиот универзитетски центар претставува простор опремен со педагошки материјали и со современа техничка опрема, и нуди модерна настава, можности за широката франкофонската универзитетска понуда, но исто така и место за средби, дискусии, дебати на различни теми, изучување на француски јазик итн.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
