Отворен повик за целосни стипендии на Руската претседателска академија РАНЕПА
Руската претседателска академија РАНЕПА доделува шест целосни стипендии (две за додипломски и четири за постдипломски) студии за 2017 година. Стипендиите ги обезбеди Никола Ќурчиски, член на Клубот на лидери на Македонија 2025.
Како што соопшти Македонија 2025, двете стипендии за додипломски студии на РАНЕПА (Global Governance and Leadership) покриваат четиригодишна школарина од 29.000 американски долари.
- Оваа програма е дизајнирана со цел студентите да станат подобри лидери во приватниот, јавниот и непрофитниот сектор. Оваа програма става голем акцент на лидерството и им ги дава на студентите потребните вештини за донесување тешки одлуки за критични прашања, со кои се соочува денешното општество, соопшти Македонија 2025.
За мастер студиите се доделуваат две целосни стипендии за Global Finance, за кои двегодишната школарина е 10.000 долари. Ќе биде доделена една целосна стипендија за школарина од 15.000 долари за двегодишна мастер-програма Master of Global Public Policy и една целосна стипендија за школарина во износ од 10.000 долари за двегодишната мастер-програма Project Management.
Повикот со условите за аплицирање и потребните документи се објавени на http://www.macedonia2025.
Заинтересираните кандидати треба да ги пратат документите на електронската адреса: elena@macedonia2025.com, најдоцна до 31 март.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши