Отворен нов Дом на културата во Македонска Каменица

Со пригодна свеченост денеска во Македонска Каменица беше отворен новиот Дом на културата. Тој произлезе од старото кино по реконструкција која траеше околу 18 месеци и чинеше 42 милиони денари обезбедени од Светска банка.
Градоначалникот Дарко Митевски на отворањето на Домот истакна дека рударската Каменица, освен за подобрување на инфраструктурата, се грижи и за културниот живот на граѓаните, и дека овој современ дом ќе донесе нов квалитет во животот.
- Македонска Каменица доби современ дом на културата со површина од 880 квадратни метри, каде освен современа киносала ќе бидат сместени и просториите на КУД „Вера Јоциќ“ и локалната библиотека. Културата е неодолив сегмент во градењето европски модел на општина, сила за зачувување на националните вредности и солиден модел за комуникација, толеранција и почитување на разликите меѓу луѓето, рече Митевски.
Новиот објект беше осветен и благословен од владиката Иларион, а на свеченото отворање присуствуваа градоначланикици од Источниот плански регион, голем број граѓани и претставници на локални фирми.
Со средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка, Општина Македонска Каменица во партнерство со Општина Белица од соседна Бугарија ќе набавува современа опрема за домот.
Викендов на сцената во новиот дом ќе настапат „Бајса Арифовска и пријателите“, „Пламенка Трајковска гудачки квартет“, театар Колозов, КУД „Вера Јоциќ“, деца од локалното талент шоу, локалните бендови Риплеј и Литиум и други.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
