Отворен дводневниот саем за традиционална храна и активен туризам
Домашни џемови, крушевски локум, велешки органски мед и уште многу други традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје денеска и утре ќе може да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што се одржува во „Рамстор Мол“.
На саемот е претставена и богатата туристичка понуда на Македонија и многуте авантури коишто ги нуди природата во руралните средини како што се планинскиот велосипедизам во Мариово, тандем параглајдингот во Охрид, јавањето коњи во Галичник,...
Според организаторите, саемот е прилика посетителите да се запознаат со можностите што ги нудат руралните средини, а за малите бизниси е можност да ги изложат своите услуги и производи на поширокиот пазар.
- Денешниот саем е последната активност на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. Бизнисите кои ги поддржуваме и се тука денес како изложувачи, го нудат најдоброто од руралните предели на Македонија - традиционална храна, недопрената природа и авантурите кои таа ги овозможува, изјави директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн.
Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Техада истакна дека швајцарската Влада од 2012 година ги поддржува малите бизниси од руралните средини и преку вакви саеми им помага да ги претстават своите производи на што повеќе потрошувачи.
Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и локални акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.
Ново на Сител
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон