Отворен ден на Универзитетот во Тетово

Универзитетот во Тетово пред својот Ректорат денес одржи отворен ден со цел да се презентира академската понуда за 2019/2020 година. Заинтересираните средношколци на штандовите на факултетите имаа можности да добијат информации околу студиските програми, потребните услови за упис, наставниот кадар и слично.
-Отворениот ден го организираме за матурантите да можат да се запознаат со 50 студиски програми што ги имаме на 13 факултети и на нашиот универзитет. Според конкурсот ние предвидуваме за академската година 2019/2020 да се запишат околу 4.000 студенти во прва година. На Филолошкиот факултет имаме студиска програма за македонски јазик и книжевност каде се предвидени 50 слободни места. Предлог конкурсот е упатен до Владата и Министерството за образование и се очекува мај-јуни да биде објавен. Уписите ќе бидат во септември, изјави проректорот за настава Решат Ќаили.
Универзитетот нема да има некоја нова програма за разлика од годинешната.
-Нова програма нема. Предложивме да ги вративме дисперзираните студии посебено во Скопје како што се студиските програми на Екононски и Правен факултет, изјави Ќаили.
На отворенот ден беше организиран и бизнис саем на кој компаниите се преставија пред студентите со цел да се разгледаат можности за стипендирање, вработување или стажирање.
– Се обидуваме да им помогнеме на компаниите од прехранбената индустрија од нашите студенти да најдат стручни лица за вработување со оглед дека се соочуваат со недостиг на кадар, рече деканот на Факултетот за прехранбена технологија Џезаир Идризи.
– Ние со компаниите одржуваме постојан контакт и склучиваме договори за пракса на студентите по кои се согледуваат можности и за вработување, изјави Вјолца Лимани од Центарот за кариера.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
-

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а и на цените на мало за три отстто
-

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок
-

Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
