Македонија
22. August 2019 - 8:32

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје денеска попладне на градскиот плоштад организира четиричасовен Отворен ден на кој ќе ја претстави својата дејност, мисија и визија.

Посетителите ќе имаат можност непосредно да се запознаат со работата на 33-те единици на Универзитетот. Како дел од манифестацијата ќе се одржи музичка програма и дефиле на учесниците на Меѓународниот студенски фолклорен фестибал и Етно фестивалот на солидарноста. Во рамки на манифестацијата ќе биде прикажан и филм подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот.

Настанот е поддржан од студенските организации на Универзитетот.