Отворање на детската програма „Креираме заедно“

Во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово денеска ќе биде отворена детската програма „Креираме заедно“ во чие создавање учествуваа и ученици со и без попреченост од тетовските училишта „Андреја савески Ќиќиш“ и „Лирија“.
Промовирани ќе бидат финалните продукти од проектот „Креираме заедно“ - изложба на фотографи и видео записи што ги работеа ученици од инклузивни улилишта од Тетово, Скопје и Струмица. Ќе биде прикажана и детска филмска програма со синхронизација на албански јазик и адаптиран титл за лица со оштетен слух.
По проекциите ќе следи дебата на тема „Креативноста – прозорец кон светот на различностите“ која ќе биде модерирана од фотографот и родител на дете со пречки во развојот Драги Неделчевски. Говорници ќе бидат и Јане Актипармаков, режисер, како и Блерта Ќамили, дефектолог.
„Креираме заедно“ е дел од проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инкузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финасиран од ЕУ, а ко-финасиран и спроведен од УНИЦЕФ.
Ново на Сител
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
