Отворање на 11.Фестивал на новиот германски филм
Со прикажување на филмот „Роден во болка“ невообичаен трилер од исклучително популарната тв-серија во Германија „Место на настанот“, која се снима уште од 1970 година, вечер во киното Милениум ќе биде отворен 11. Фестивал на новиот германски филм.
Фестивалот ќе го отвори германската амбасадорка Кристине Д.Алтхаузер. Под мотото „Сакам филм (Ish liebe Film)“ ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции од минатата и од оваа година, во десет македонски града.
„Роден во болка“ е снимен во Хесен и има добиено повеќе филмски награди. Со речиси 1.000 епизоди и 9 до 10 милиони гледачи по продолжение, серијата во меѓувреме достигна култен статус. Поентата е дека речиси секој голем германски град си има своја екипа за крим техника.
Во рамки на филмскиот фестивал од 15 до 18 октомври во киното „Форисина“ во МКЦ ќе бидат прикажани уште девет други филма: комедии, драми, еден историски филм и два детски филма.
Некои од филмовите ќе одат на турнеја уште во девет други града низ Македонија.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе