Отворање ЕУ Парк во Штип по повод Денот на Европа
По повод Денот на Европа, премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Штип Благој Бочварски денеска на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип ќе отворат ЕУ Парк.
На настанот ќе бидат претставени сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на Универзитетот во Штип, ќе има спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници. За одбележување на Европската година на културно наследство ќе се одржи и изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ.
Денот на Европа 9 Мај го слави мирот и единството во Европа. На овој датум се одбележува годишнината од историската Декларација на Роберт Шуман, кој во говорот во Париз во 1950 година како тогашен министер за надворешни работи на Франција ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна