Отвор длабок пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево
Отвор длабок околу пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево. Појавата ја регистрираше жител на Пехчево, вљубеник во археологијата кој се сомнева дека се работи за ископина од стар римски рудник.
– Се отвори дупка над Раковец, длабока четири до пет метри, која во поголем дел е затрупана. Според мене е затворен римски рудник, затрупaн со „шлунак”. Нека се на арно, овие знаци за Пехчево, вели за отворот пехчевецот со псевдоним Стеф Поп Треф.
Истражување за овој случај е најавено за утрешниот ден, за кога е најавена средба помеѓу градоначалникот на Пехчево и позн ат геолог од Источна Македонија, кој ќе изврши првичен увид на самото место каде е забележан длабокиот отвор.
Во моментот заради заштита на населението местото е обележано со знак за претпазливост.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима