Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Натписот „ТИТО“ беше отстранет еден ден по акцијата на младите од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, кои го обновија во саботата.
Поради случката, вчера попладне имаше зголемено присуство на полицијата во општината Тузи, пишува порталот „малесиа.орг“.
Се наведува дека полицијата ги легитимирала граѓаните, а на порталот е објавена фотографија од албанско знаме на врвот Дечиќ.
– Денеска претставници на втората младина на Малесија испратија јасна порака со албанското знаме дека овде нема место за имиња на диктаторите. Полицијата вчера не реагираше, но денеска да, објави порталот на албански јазик.
Претставникот на Демократскиот сојуз, Иван Иванај на Фејсбук напишал дека обновувањето на натписот „ТИТО” во Дечиќ е „срамно за Малесија”, бидејќи „нема дел од Црна Гора што страдал од комунистите како Малесија”.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот