Откупени сите побарувања, ГСОЛ стана единствениот доверител на ФЕНИ Индустри
Со откупување на вкупните побарувања на големите и малите доверители на ФЕНИ Индустри, швајцарски ГСОЛ, со своето претставништво во Македонија ЕуроНикел станува единствениот доверител на кавадаречки ФЕНИ.
Со ова, ФЕНИ се повеќе се приближува кон конечното излегување од стечајот, што ќе значи и започнување на планот за реорганизација, предложен од единствениот инвеститор во ФЕНИ, ГСОЛ, ЕуроНикел, кој пак предвидува нови инвестиции и вработувања, соопштија од ГСОЛ.
- Моментално ФЕНИ произведува и го надминува очекувањата со реализирано месечното производството за мај од 1000 тони никел. Растот на производството е проследено со континуирано растење и на извозот. Платите на вработените редовно се исплаќаат како и останатите обврски и бонуси, а платата пропорционално расте, се вели во соопштението на ГСОЛ. Вработените очекуваат стечајната постапка што побрзо да заврши со што би започнал планот за реорганизација што носи дополнителна инвестиција од 10 до 15 милиони евра, се вели во соопштението.
Во планот за реорганизација, што пред Одборот на доверители беше презентиран од ГСОЛ, наведено е дека со инвестицијата предвидено е отворање на втората производна линија, односно стартување на втората печка со што годишната производна норма ќе се зголеми од 19.000 до 21.000 тони никел годишно.
Одборот на доверители даде позитивно мислење за планот и тоа е претпоследниот чекор пред конечното и правно излегување на ФЕНИ од стечајот.
Од ГСОЛ посочуваат дека планот за реорганизацијата на ФЕНИ содржи конкретни чекори што водат кон зголемување на капацитетите, зголемување на производството, извозна експанзија и повторно враќање на ФЕНИ во најголеми европски производители на фероникел.
Ново на Сител
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд