Македонија
19. July 2017 - 8:35

Откуп на лубеници и од производители кои не исполнуваат услов за дополнителни субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет на производителите на лубеници кои поради нерешени имотно-правни односи, не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денара.

Како што соопшти вчера ресорниот заменик-министер Власте Димковиќ, откупувачите уште денеска ќе почнат со откуп на одредени количини лубеници од оваа категорија производители. 

- Министерството ќе им помогне на производителите во решавањето на проблемот со откупот. Веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата е договорено да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот, истакна Димковиќ.

Тој нагласи дека надлежните постојано ја следат состојбата на терен.