Откриваме дали Бојана му прости на Александар кој падна на колена во Ѕвездите на Гранд

Симпатичниот Македонец ги остави во шок членовите на жирито кога пред милионскиот аудиториум признал дека за натпреварот се пријавил само за да се смири со поранешната девојка Бојана. Марија Шерифовиќ веднаш го препознала бидејќи неговиот мотив за учество одекнал во медиумите неколку дена порано, а Аца Лукас му се поклони.
Кога Александар признал дека и понатаму ја сака девојката која веќе три години се обидува да ја врати, членовите на жирото му дозволија да ја испее и другата песна.
На момчето му дојдоа емоции и тој падна на колена и пееше, а во еден момент не можеше да ги сопре солзите. По настапот кој го сруши Интернетот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Александар Стевановиќ за Гранд објаснил што му се случило.
- Затечен сум и изненаден сум дека во овој суров свет луѓето знаат да разберат што е љубов. Коментарите се различни. Едни ме критикуваат, а другите ме фалат поради храброста која ја покажав, вели Александар и доадва како и понатаму ја сака Бојана со која бил во врска само неколу месеци.
Веќе две години и девет месеци се трудам да ја вратам. Многу работи и простив. Сите ме прашуваат зошто толку ја сакам? Па затоа што е едноставна, објаснува Александар
Александар изјавил дека Бојана се уште му се нема јавено, но верува дека ќе му се јави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
