Живот
4. February 2018 - 10:59

Откријте колку сте здрави со помош на овие домашни трикови

Овие неколку техники ќе ви покажат дали и колку сте здрави. Биолошката старост покажува колку сме навистина стари. Нејзиниот часовник отчукува во клетките без можност да го вратиме наназад, па затоа еве неколку техники да ја откриете својата биолошка старост.

Холестерол

Доколку забележите бели точки околу очите, тоа значи дека холестеролот ви е покачен. не го занемарувајте тоа и внимавајте на исхраната, внесувајте помалку масти. Покачен холестерол води кон срцев удар.

Тероидна жлезда

Испружете ги рацете и ставете парче хартија врз нив, ако дојде до тресење на рацете,мочно е да имате проблем со тироидната.

Бели дробови

Ставете свеќа на еден метар од себе и пробајте да дувнете и да ја  изгасите. Ако не можете да го направите тоа и се мачите, тоа значи дека имте проблем со белите дробови.

Токсини во организмот

На овој начинможе да проверите дали имате токсини во организмот.Само поставете ги дланките на ниво на градите, ако го направите тоа во прав агол, тогаш се е во ред.

Пулс

Измерете го отчукувањето на срцето и потоа набрзина направете 30 клекнувања (чучњеви). Повторно измерете го вашиот пулс и пресметајте ја разликата. Доколку сте во 20-тите години, пулсот треба да ви се зголеми од 0 до 10 единици, доколку сте во 30-тите – од 10 до 20 единици, во 40-тите од 20 до 30, а над 50-тата година се зголемува од 30 до 40 единици.

Вид

Проверете го вашиот вид со помош на линијар и весник. Поставете го долгиот линијар на коската кај јаболчницата, веднаш под окото, земете весник и полека оддалечувајте сè додека буквите не ви станат матни. Измерете ја најблиската оддалеченост на која чисто ги гледате буквите. Доколку тоа е помалку од 15 сантиметри тогаш вашата биолошка старост се поклопува со вашите години. За оддалеченоста од 16 до 30 сантиметри додајте си една година и на сите дополнителни 30 сантиметри додавајте по една година плус…

Гимнастика

Застанете и исправете се, свиткајте ги колената, спуштете се нанапред и обидете се со дланките да допрете до подот. Доколку целосно ги допревте дланките до подот, вашата биолошка старост е од 20 до 30 години, но ако само со прстите допирате, тогаш имате 40 години. Со 50 години веќе не можете да допрете подалеку од потколеницата, додека пак ако сте застанале на колената вашата биолошка возраст е 60 години.

Броење

Земете стоперка и бројте наназад од 100 по 7 броеви. Помладите од 40 години би требало да стигнат до 2 за најмногу 20 секунди, додека пак оние од 40 до 60 годни би требало да завршат со броењето за 40 секунди. За резултатите побрзи од очекуваното време одземете по 2 години од вашата возраст, а за побавното завршување, додајте си 2 години.

Кожа

Поткренете ја кожата над дланката најмногу што можете, држете така половина минута и пуштете. Со помош на стоперка мерете за колку секунди таа ќе се врати во нормала. Доколку е помалку од 1 секунда, одземете си 3 години. Доколку ѝ се потребни две секунди биолошката и хронолошката возраст ви се поклопуваат. Но, ако ѝ се потребни 3 до 4 секунди додајте си една година, за 5 до 10 секунди додајте си 2 години, а за 10 до 30 секунди додајте си 3 години.

Обем

Измерете го обемот на најширокиот дел од вашите колкови и струкот. Совршената мерка на струкот е 70% од обемот на колковите. Доколку сте добиле ваков резултат одземете си една година. За обемот на струкот кој изнесува од 80 до 90 проценти од колковите, додајте си 3 години. Доколку нивните димензии се исти или струкот е поширок од колковите, додајте 5 години на вашата возраст.