Откриено после толку време: Ја кажал вистината за себе и Цеца два часа пред убиството

Некрунисаниот крал на подземјето Дејан Марјановиќ Шабан е убиен два часа по последното интервју, кое 23 години по неговото убиство исплива во јавноста.
Иако тие двајца често биле гледани заедно во ноќните клубови и во неколку наврати изјавиле дека се заедно, Шабан на крајот раскажал каков всушност бил нивниот однос:
- Јас сум млад човек, завршив училиште, сакам да сум во друштво на убави девојки и да возам убав автомобил. Девојките ме обожаваат. Сите приказни дека сум во врска со најпознатата фолкерка се чиста измислица и невистина. Ја сакам само својата вереница Матиќ Синди. Таа е познат фото модел на Запад и среќен сум со неа - раскажал Шабан, кој Цеца го запознала преку најдобрата другарка Мира Шкориќ.
- Со него ме запозна Мира Шкориќ штом дојдов во Белград. Ми беше претставен како сопственик на ланец бутици, ми кажаа дека татко му е архитект и дека е фин и образован дечко. Немав поим дека е момче од улиците. Со него се забавував 17 дена и штом дознав кој е и што е веднаш го оставив - изјавила Цеца.

Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
