Откриени се аномалии кои би можеле да урнат се што знаеме за физиката
Три нови научни откритија можат да ги разнишаат сите темели на нашето разбирање за физиката на елементарните атоми, а со тоа и се што знаеме за универзумот.
Три посебни експерименти, од кои еден е изведен во Големиот хадронски судирач, дадоа многу слични резултати.
Тие упатуваат на тоа дека лептонската универзалност, основна претпоставка на стандардниот модел, може да биде срушена.
Наместо тоа, може да биде препознат нов феномен кој постои надвор од рамката на стандардниот модел во физиката на елементарните атоми.
Стандардниот модел е теорија во физиката на елементарните атоми која успешно опишува три од четири фундаментални интеракции меѓу елементарните атоми од кои се состои целата позната материја: електромагнетизмот, силната и слабата нуклеарна интеракција.
Стандардниот модел опфаќа голем собир на атоми: кваркови, глуони, лептони, W-бозони и Z бозони и Хигсовите атоми. Тоа е квантна теорија на полето, усогласена со квантната механика и теоријата на релативноста и до сега е потврдено со предвидување на резултатите на речиси сите експерименти во кои делуваат три фундаментални интеракции.
„Ако овие резултати би биле потврдени, можат да укажат на постоење на нови видови на атоми или меѓусебни интеракции т.е. меѓусебна сила, кое од темел можат да го разнишаат нашето знаење за физиката на елементарните атоми” – наведе меѓународниот тим на физичари во студијата. Лептонската универзалност претставува едноставно правило, според кое интеракциите на одредени елементарни атоми се исти, дури и кога тие имаат различни маси или трање (степен на распаѓање).
Овие елементарни атоми се познати како наелектризирани атоми и ги вклучуваат електроните, муоните и потешките атоми, познати како тау атоми (тау лептони, тауони).
Три научни тима од САД, Швајцарија и Јапонија, врз основ на стапката на распаѓањето на електроните и муоните, откриле дека тауоните се распаѓаат во многу поголема мера од што предвидуваат стандардите.
Додека резултатите од еден експеримент можат едноставно да бидат статистичка грешка, три посебни студии во чии рамки се спроведени експерименти во три различни средини и добиени се три исти резултати, ги ставија научниците на големи маки.
Експериментите во просек се изведени со 99.95 отсто прецизност, соопштија научниците.
Истражувачите се обиделе да утврдат дали се работи за преголема случајност (статистичка грешка во сите три случаи), или навистина се работи за откритие на нов феномен во физиката. Истражувањето е објавено во списанието Nature.
Ново на Сител
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина