Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
– Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.
Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.
Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени