-->
-->
Откриени нелегални отпади во Струмица
-->

Во заедничка акција на комуналната инспекција, Државниот инспекторат за заштита на животната средина и СВР Струмица откриени се нелегални отпади и незаконско собирање на отпад.
Во акцијата комуналните инспектори изрекле четири казни на местото каде се затекнати лицата кои вршат нелегално собирање отпад, а од страна на Инспекторатот за животна средина и полицијата дополнително ќе бидат поднесени соодветни пријави против прекршителите.
Според информации од комуналната инспекција затекнати се лица како вршат расклопување на отпад на недозволени локации, а немале ниту дозвола за вршење на дејноста.
На едно од местото каде била извршена контролата бил пронајден и побегнат затвореник, по кој трагала полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
