Откриена тврдина кај село Иловица во општина Босилово

Откриена е досега непозната тврдина од доцноантичкиот период во близина на селата Иловица и Штука во Општина Босилово, информираше Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство.
Од рано утрово тимови на Археолошкиот музеј, заедно со Лилчиќ се во месноста Црквиште, каде што ги пронашле овие многу цврсти одбранбени бедеми на тврдината. Истражувањата се дел од проектот Археолошки катастар.
- Имам необично задоволство што во овој реон откривме досега непозната древна, стара македонска тврдина. Таа се наоѓа источно од Струмица односно во планинскиот предел источно од селото Иловица и Штука. Во рамки на проектот Археолошки катастар на Археолошкиот музеј, стручен тим предводен од Владимир Атанасов и јас како стручен консултант, дојдовме тука и изненадени сме од големината, од цврстината на ѕидовите, од силината на оваа тврдина, од богатството на културните хоризонти. Засега, од она што може да го видиме, станува збор за доцна антика, силен одбранбен ѕид кој има едно високо чело на североисточната страна. Најверојатно постои уште едно ѕидно платно, и се надевам дека датира од рана антика, но од она што го гледаме на површина станува збор за доцна антика, изјави Лилчиќ за МИА.
Локалитетот не е оштетен, освен на едно место каде што има еден ров, една дупка, која ќе биде стручно заштитена, објаснува Лилчиќ. Овој локалитет не е забележан во ниедна археолошка литература. Според него, ова е фантастична, моќна, античка македонска тврдина во струмичко.
Ново на Сител
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
