Откриен организаторот на „крвавиот Велигден“ на Шри Ланка
Главниот организатор на терористичките напади на Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци, кој во неделата активираше експлозив во хотелот Шангри-Ла, изјави Ширал Лактхилака, советник на претседателот Маитрипала Сирисена.
Некои официјални претставници на Шри Ланка го посочија радикалниот екстремист Захран Хашим за клучно лице во организирањето на терористичките напади за време на католичкиот Велигден.
Лактхилака истакна дека е разбиена цела терористичка мрежа, додека, пак, други претставници предупредуваат дека некои осомничени за нападот се уште се на слобода.
– Најважно е да се истражи како дошло до ова ниво на радикализација, нагласи советникот на Сирисена.
Шефот на државата побара оставки од секретарот за одбрана и од шефот на националната полиција поради нереагирање на предупредувањата за нападите.
Ново на Сител
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција