Откриен организаторот на „крвавиот Велигден“ на Шри Ланка
Главниот организатор на терористичките напади на Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци, кој во неделата активираше експлозив во хотелот Шангри-Ла, изјави Ширал Лактхилака, советник на претседателот Маитрипала Сирисена.
Некои официјални претставници на Шри Ланка го посочија радикалниот екстремист Захран Хашим за клучно лице во организирањето на терористичките напади за време на католичкиот Велигден.
Лактхилака истакна дека е разбиена цела терористичка мрежа, додека, пак, други претставници предупредуваат дека некои осомничени за нападот се уште се на слобода.
– Најважно е да се истражи како дошло до ова ниво на радикализација, нагласи советникот на Сирисена.
Шефот на државата побара оставки од секретарот за одбрана и од шефот на националната полиција поради нереагирање на предупредувањата за нападите.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз