Свет
22. December 2020 - 21:43

Откриен нов вид на коронавирус во Данска

Во Данска во повеќе од 1.600 примероци е откриен нов мутиран вид на коронавирусот.

Данските експерти од Државниот институт за серуми изразиле загриженост поради откривањето на нов вид на вирус кој го именувале N439K , бидејќи се покажало дека тој би можел да биде помалку чувствителен на вакцината.

– Важно е да следиме како се шири оваа варијанта на коронавирусот и да утврдиме дали ширењето е изразено кај најризичните групи – вели Тира Грове Краус од данскиот Институт.

Таа вели дека овој вид на вирус нема врска со варијантата која неодамна е откриена во Велика Британија, но ниту со видот кој претходно годинава е откриен кај канадските куни кои се одгледуваат во Данска, пренесува сајтот EN 24.

Според податоците на данскиот Институт, N439K е откриен уште во мај во Ромунија, но во моментов најмногу го има во Ирска, Чешка, Швајцарија и во англија, иако е откриен и во Австралија и на Нов Зеланд.