Loading Video...
Свет
28. August 2023 - 12:40

Откриен идентитетот на белецот кој расно мотивирано уби тројца црнци во Флорида

21-годишниот Рајан Кристофер Палмер е белецот кој застрела и уби тројца црнци во продавница во Џексонвил, Флорида, информираше полицијата во Џексонвил. Тој ги купил своите пиштоли легално и немал криминална историја.

Властите го опишаа пукањето како расно мотивирано, велејќи дека човекот бил автор на манифест кој го испратил до медиумите и органите на прогонот во кој детално е опишана неговата омраза кон црнците.

По трикратното убиство мотивирано од расна омраза, реагираше и американскиот претседател Бајден.

- Треба да отфрлиме да живееме во земја каде семејствата на црномурестите кога одат во продавница или црномурестите студенти кога одат на школо, живеат во страв да не бидат застрелани поради бојата на нивната кожа, рече Бајден.

Стотици жители се евакуирани во источна Кина, откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во повеќе провинции, информираше кинеската национална телевизија.

Најкритично е во градот Ксуанг во провинцијата Хенан, откако поради обилните врнежи и полавите, нивото на водата се искачи за еден метар во висина, целосно заробувајќи ги жителите во одредени делови од градот.

Слична е ситуацијата и во провинцијата Хубеи, која издаде црвен за предупредување поради големите поплави кои резултираа со отежнато одвивање на сообраќајот, но и лизгање на земјиштето.

Кина е зафатена од неколкунеделни дождови и поплави среде лето. Силните бури предизвикани од тајфунот Докусри, кој го погоди источниот брег на кина во Јули, предизвикаа нај обилни дождови што ја погодија земјата во последните десет години. Пекинг беше зафатен од најголеми врнежи во последните 140 години.

Најмалку 23 лица загинаа во обновениот вооружен судир меѓу владините сили на Јемен и бунтовниците Хути. Воениот конфликт се случил откако голема воена група од Хутите извршиле ненадеен напад врз владините трупи во јужната провинција Лаџ. Во жестоките борби загинале 15 милитанти Хути и осум провладини војници, а беа повредени уште најмалку десет, информираше воениот претставник на владините сили.

Во Јемен граѓанската војна почна во 2014 година. Јеменската влада и бунтовниците Хути одржаа неколку рунди преговори олеснети од Обединетите нации, но сеопфатното решение за долгогодишниот конфликт сеуште нема.