Откриен 21 албански емигрант во турбина на британски брод
![]()
Членовите на екипажот на британски брод се испаничиле кога откриле група од 21 албански емигрант скриена во нивниот брод, пишува „The Sun“.
Кога ги виделе емигрантите, 10-те морнари во паника веднаш побарале помош преку радиоврска.
– Морнарите се посомневале дека емигрантите сакаат да го земат бродот под контрола, но наместо тоа тие побарале храна и цигари. Групата ја сочинувале 19 мажи и две деца, а во бродот влегле во Билбао, во северниот дел на Шпанија, наведува тиранската телевизија Ора њуз, повикувајќи се на британскиот таблоид.
Капетанот на бродот веднаш го закотвил бродот, по што полицијата го заобиколила пловниот објект. Емигрантите биле однесени во полиција каде ќе подлежат на правилата за емиграција.
– Беше лудо, тие се криеја во една од големите турбини на бродот, каде биле со денови. Никому не му падна на памет да ги погледне и да ги контролира турбините кога во петокот испловивме од Билбао. Емигрантите ја напуштија турбината во моментот кога виделе дека се блиску до Британија, изјавиле од бродскиот екипаж.
Додале дека емигрантите биле изморени, гладни и исплашени, а ние, рекле морнарите, попусто се испаничивме дека би можеле да ни го грабнат бродот.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
