Македонија
18. July 2019 - 23:26

Откажана утрешната лидерска средба

Сител неофицијано дознава дека утрешната закажана лидерска средба е откажана. Причината се најавите дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да присуствува. Официјално никој не потврдува, но неофицијачно лидерот на СДСМ ги известил лидерите на партиите дека средбата е одложена. Според извори на Сител, СДСМ смета дека без присуство на Мицкоски, нема логика да се одржува лидерската.

Марјан Николовски