-->
-->
Откако Трамп кажа дека „преговорите се мртви“ талибанците заминаа на средби во Русија
-->

Преговарачка екипа на авганистанските талибанци допатува во Русија, само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со нив се „мртви“, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека делегацијата веќе одржала консултации со Замир Кабулов, пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.
Руските медиуми пренесуваат изјава на неименуван портпарол на руското Министерство за надворешни работи дека на состанокот во Москва била истакната неопходноста од повторно отворање на преговорите меѓу САД и талибанците и дека оваа група ја покажала подготвеноста за продолжување на дијалогот.
Ова е прва меѓународна посета на талибанците откако пропаднаа преговорите со Вашингтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
