Откако ќе го прочитате ова веќе никогаш нема да ја облечете новата облека неперена

Фустанот кој штотуку го купивте изгледа совршено чисто, па ви се чини дека нема потреба да го перете пред да го облечете за прв пат. Меѓутоа, кога ќе го прочитате ова, секоја нова облека прво ќе ја исперете во машина.
Дали треба да ги перете новите работи, најмногу зависи од тоа дали имате чувствителна кожа и како реагирате на осипи, инсекти и болести, пренесува Тудеј.
Доналд Белсито, професор по дерматологија од Универзитетот Колумбија, предупредува дека новата гардероба не е воопшто чиста како што изгледа, и дека пред нејзино облекување треба задолжително да се испере.
Тој исто така додава дека боите и материјалот можат да предизвикаат иритација на кожата, но и алергиска реакција.
- Во некои случаи луѓето добиваат вошки, кои се пренесуваат додека луѓето ги пробуваат алиштата во гардероберот во продавницата. Преку облека може да се пренесе и шуга – вели д-р Белсито.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
