-->
-->
Откако ќе го погледнете ова видео - нема повеќе да сакате да запалите цигара
-->
Пушачите знаат колку е тешко успешно да се ослободите од цигарите, но на тоа би можела да ве поттикне новата реклама, која ја објави Заводот за јавно здравство во Англија, во рамките на својата кампања против цигарите.
Во видеото е прикажано како разни отрови од цигарите влегуваат во крвта и се шират во телото, предизвикувајќи оштетување на сите органи.
-Луѓето знаат дека пушењето ги оштетува белите дробови, но малку од нив се запознаени со фактот дека отровот доаѓа и до другите органи. Нашата нова телевизиска реклама покажува како секоја цигара испраќа отровни хемикалии во крвотокот во рок од неколку секунди. На овој начин се обидуваме да ги поттикнеме сите пушачи една од нивните новогодишни одлуки да биде прекинување со пушењето, изјави Џон Њутон од Заводот за јавно здравје во Англија.
Со пушењето на секоја цигара во телото внесуваме повеќе од четири илјади различни хемикалии, од кои дури 70 отсто се докажани причинители на рак.
-Пушењето предизвикува оштетување на внатрешните органи и коските и ги зголемува шансите за заболување од разни болести, како рак на белите дробови, коските, бубрезите, устата и дигестивниот тракт. Добра вест е дека без разлика на тоа колку време сте пушач, со прекинувањето со оваа лоша навика, во краток рок го намалувате тој ризик, објаснува докторката Даун Харпер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев
-
Состојба на патиштата
-
Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови