Отфрлена „шпекулацијата“ за намерно исклучување на системот за кочење на возот во Баварија
Германската полиција го отфрли тврдењето на дел од медиумите во Баварија дека еден од линиските диспечери на железницата го исклучил автоматскиот систем за кочење, непосредно пред завчерашниот судир на двата воза кај Минхен.
Ваквата информација прва ја објави локалната радио станица Бајерише Рундфунк. Во информацијата се тврди дека автоматскиот систем за кочење бил исклучен за да му се овозможи на еден од возовите да стигне на време.
Претставник на полицијата го отфрли ваквото тврдење, нарекувајќи го „чиста шпекулација“.
Истрагата меѓутоа, засега, не зане зошто вградениот систем за кочење, не го запрел возот.
Системот автоматски се вклучува доколку еден воз не застане на црвено светло.
На пругата на која се случи судирот, ваков автоматски систем е инсталиран веднаш по несреќата кај Магдебург во 2011 година, кога загинаа десет патници.
Полицијата се уште ја испитува можноста за човечка грешка во оваа последна тешка железничка несреќа во Германија.
Судирот на двата патнички возови се случи во понеделникот во раните утрински часови кај местото Бад Ајблинг, околу 60 километри југоисточно од Минхен.
Во директниот судир на линијата со еден колосек, досега се регистринаи десет загинати патниици, додека десетици други се повредени. Од нив 18 мошне тешко.
Полицијата откри две од трите „црни кутии“ на возовите, кои може да помогнат за расветлувањето на оваа најнова несреќа.
Ново на Сител
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство