Отфрлен предлогот за стечај на Производство на топлина Балкан енерџи
Основниот суд Скопје 2 донесе решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на компанијата Производство на топлина Балкан енерџи од Скопје, информираат од компанијата.
- Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до Судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и оти нејзините банкарски сметки не се блокирани. Со ова Судот констатира дека престанува работата и на претходно назначениот привремен стечаен управник. На ваквото решение на Судот не е предвидена можност за жалба од страна на подносителите на предлогот за отворање стечајна постапка, соопшти компанијата.
Со ваквиот епилог, се нагласува во соопштението, отстранети се сите формалности, по што Производство на топлина Балкан енерџи продолжува со интензивните подготовки и ремонтни активности на постојките за претстојната грејна сезона, за нејзин успешен старт во законски предвидените рокови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите