Отец Пимен: МПЦ нема да го прифати новото име за Македонијa
Македонската православна црква нема да го прифати новото име за Македонија, како и да е предлогот што ќе го договорат македонската и грчката страна, категорично потврди Владиката Пимен за време на одбележувањето на 1.000-годишнината од Охридската Архиепископија.
Членот на Синодот на МПЦ и владика на Европската епархија, владиката Пимен, денеска изјави дека црквата не сака да го менува називот затоа што името се поврзува со македонскиот идентитет.
„Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име. Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква“, изјави Владиката Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација