Отчет на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното на нејзините градоначалници во сто дена од мандатот
„Промени што носат иднина“ е мотото на целодневниот настан што денеска во објектот на Филхармонијата ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ на кој партијата ќе соопшти за сè што сработиле нејзините градоначалници во првите сто дена од управувањето на општините.
Во рамки на настанот попладне од 17 часот ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а претходно ќе бидат организирани три одделни панел-дискусии на различни теми: „Што наследија општините?“ во 11.30 часот , „Европските практики во локалните самоуправи“ во 13 часот и „Младите и нивната перспектива во општините“ во 14.30 часот.
– Покрај овој настан, во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и шест регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени, информира ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет