Отчет на градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски
Општина Бутел, иако најмала општина во рамки на Град Скопје и една од посиромашните во Република Македонија, во изминатите четири години има реализирано над 230 проекти. Тоа е три пати повеќе од бројот на проектите што се ветени, рече на денешната прес-конференција
- Изградивме 40 улици и патишта или 32.964 метри квадартни во вредност од над 45 милиони денари. Изградивме 10.738 метри фекална и атмосферска канализација, како дел од 29 канализациски мрежи, во вредност од околу 43 милиони денари, рече Латиновски. Посочи дека голем дел од реализираните проекти произлегле од идеите и барања на граѓаните.
Тој нагласи дека на десетици километри е поставено ново улично осветлување, изградени се нови тротоари, донесени се ДУП-ови, завршни се легализации на дивоизградените објекти, реализирани се повеќе проекти од културата...
Од поголемите реализирани проекти Латиновски ги издвои новото основно училиште „Живко Брајковски“, новата градинка во населбата Радишани, новата спортска сала во Љубанци, две повеќенаменски спортски игралишта во Бутел 1 и во Бутел 2, како и девет детски забавни игралишта. Извршена е, како што рече, темелна реконструкција на шесте основни училишта и на двете детски градинки во Бутел 2 и Скопје Север. Потсети и на плоштадот во населбата Радишани со мини фонтана и забавни детски содржини.
- Бевме и сме уверени дека работата која носи подобро, секогаш е предуслов за зголемување на квалитетот на живеење на секој граѓанин. Ја развивавме нашата општина Бутел согласно демократските принципи, независно од етничката, верската и политичката припадност на нашите граѓани, истакна Латиновски.
Ново на Сител
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед
-
Полицајци им помагале на затвореници да бараат дрога, се правдале дека барале часовник земен од затворското куче
-
Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи