Фудбал
20. August 2015 - 14:54

Отаменди стана „граѓанин“

Аргентинецот Николас Отаменди и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити откако денеска го потпиша договорот со клубот. Тој во следните пет години ќе го носи дресот на „граѓаните“.
- Ќе дадам се од себе и на секој натпревар ќе се трудам Манчестер Сити да биде во врвот. Сакам да освојувам титули, а тоа е најважно. Клубот изгледа прекрасно, изјави Отаменди.
Аргентинецот е трето засилување овој преоден рок за Манчестер Сити откако претходно нови играчи станаа Рахим Стерлинг и Фабијан Делф. За оваа „тројка“ Манчестер Сити издови повеќе од 100 милиони евра. 
- Отаменди ланската сезона беше најдобар играч во примера. Тој е репрезентативец на една од најдобрите светски селекции. Има и квалитети да биде успешен во Премиер лигата, изјави менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини.
Отаменди (27 години) досега настапуваше во Валенсија, која како обештетување доби 45 милиони евра.