Осветени води на неколку места во Тиквешко
Со фрлање на крстот и осветување на водите, денеска на неколку места во Тиквешијата беше одбележан православниот празник Водици.
Во водите на реката Црна крстот го фати росоманецот Игор Атанасовски, откако лани имал еден неуспешен обид.
По трет пат, Александар Ристески од Прилеп, кој живее во Кавадарци, го фати крстот во реката Луда Мара. Тој бил учесник во манифестацијата од 2012 година.
Седумнаесетгодишниот Љупче Бошев од Ваташа беше најсреќен и го фати светиот крст во брана Моклиште.
Дваесет и тригодишниот Лазе Николов од Демир Капија го фати крстот во реката Бошава и ова беше негов прв успех после неколку обиди. Лани крстот го фати неговиот брат.
Сите тие добија пригодни подароци, посакаа здравје и среќа.
Дел од средствата кои ќе се соберат од росоманци откако светиот крст ќе помине низ Росоман во наредниот период, ќе бидат донирани во хуманитарни цели
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера