-->
-->
Осветена нова црква во општина Зрновци
-->

Со голем народен собир денеска во населеното место Видовиште, општина Зрновци, е осветена новата црква посветена на Свети Климент Охридски.
Црквата ја освети митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија.
- Жителите на Видовиште прв пат добиваат божји храм во кој ќе можат да ги извршуваат своите христијански потреби, крштевски, венчавки, верски празници и народни собирања. Црквата посветена на Свети Климент Охридски ја осветуваме денеска со Божји благослов, да биде место на христијански собирања, а жителите да бидат поблиску до Бога, истакна митрополитот Брегалнички г. Иларион на народниот собир.
Црквата во Видовиште е инвестиција на Општина Зрновци, а се градеше три години. Во фрескосликањето на внатрешниот дел на црквата покрај општината помогнаа и жители на Видовиште и Зрновци со свои донации и откуп на простор за сликање икони. Фрескоживописот е дело на Валентин Ѓуркович, сликар од Кочани кој ги наслика и фреските во црквата во Мородвис минатата година.
- Општина Зрновци со изградбата и осветувањето на овој црковен храм ја исполнува дамнешната желба на жителите од Видовиште, рече градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
По осветувањето, верниците ја разгледаа црквата и присиствуваа на празничниот ручек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
