-->
-->
Осветена црквата во кавадаречкото село Брушани
-->
Во кавадаречкото село Брушани денеска беше осветена новоизградената црква „Света Недела".

Драган Ристов, претседател на селската месна заедница и член на Црковниот одбор, се заблагодари на сите кои на каков било начин ја помогнаа изградбата на оваа црква која почна во март 2013 година.
- Ние не застануваме тука. Како и досега, така и отсега, ќе работиме во насока на подобрување на животот за сите оние кои постојано живеат тука или доаѓаат повремено во своите викендички, рече Ристов.
Во присуство на голем број верници, со осветувањето чиноначалствуваше владиката Агатангел, митрополит Повардарски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
