-->
-->
Осумнаесет мигранти пронајдени во Неготинско
-->
- Осумнаесет мигранти биле пронајдени синоќа во Неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - Околу 21:00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки. Во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка, појаснува Додевски.
По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
