-->
-->
Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос
-->
– Безживотните тела на осум лица биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, откако глисер со бегалци и мигранти се превртел во обид криумчарот да побегне од патролен брод, а лицата кои се превезувале паднале во море, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, спасени се 18 лица, а несреќата се случила кога оној кој управувал со глисерот изгубил контрола, откако со опасни маневри се обидел да побегне од патролен брод, што резултирало бегалците и мигрантите да паднат во море.
Спасувачката акција на службата е во тек со три патролни брода, а од воздух учествува хеликоптер на военото воздухопловство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство