-->
-->
Осумгодишно девојче пронајдено мртво во базен, се удавило додека имало и други деца
-->
Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен во камп на Халкидики во Грција. Девојчето се удавило додека било со други деца во базенот
Според информациите на ThessToday.gr, детето е пронајдено без знаци на живот под неразјаснети околности.
Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни.
Девојчето отишло во кампот со својата сестра. Двете девојчиња наводно влегле заедно во базенот, како и другите кампери, но изгледа дека 8-годишното девојче не излегло од водата.
Спасителот наводно рекол дека не забележал никого во водата околу 13 часот. Алармот во кампот бил вклучен нешто пред 15 часот, речиси два часа подоцна. Истрагата продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
