Македонија
12. April 2023 - 8:18

Осумгодишно дете убиено од кучето на соседот во Скопје

Малолетник починал синоќа откако бил нападнат од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија.

На 11.04.2023 во 18:25ч. од ГОБ „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г..

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.