Осумгодишната ќерка на Бијонсе номинирана за Греми награда
8-годишната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер, е номинирана за Греми награда за нејзината улога во песната „Brown Skin Girl“ која ја изведува заедно со мајка си и ВизКид.
„Brown Skin Girl“ многумина ја опишуваат како химна која ја слави природната убавина на темнокожите жени на сите генерации.
Номинацијата за Греми значи дека Блу Ајви, која во јануари ќе наполни 9 години, е една од најмладите номинирани уметници во историјата на доделување на познатите награди, наведува „Billboard“. Инаку, 63-то доделување на Греми ќе се одржи на 31 јануари 2021 година.
Сепак, за Блу Ајви наградите не се нешто ново - таа во јуни оваа година ја освои својата прва БЕТ награда за истата песна.
Исто така, 8-годишното девојче е нараторка на книги за деца и на краткиот анимиран филм со наслов „Hair Love“ кој раскажува приказна за темнокож татко кој ја учи својата ќерка како да ја обликува својата коса. Овој краток филм освои Оскар кон почетокот на годината.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија